Не сакам да зборувам за општествените конструкции и за конфликтите поврзани со нив, но често, кога луѓето читаат книга од Албанија или од Косово, ја доживуваат како некаква егзотика, за нас си мислат „ох, овие знаеле и да читаат, па и да пишуваат“…
Во духот на традицијата на „BookStar“, цел октомври ќе биде и месец на европската литература и сите изданија поддржани од проектот Креативна Европа на Европската Унија ќе се продаваат по специјални намалени цени во книжарниците на „Антолог“ и онлајн на antolog.mk.