Даниела Андоновска Трајковска
Даниела Андоновска-Трајковска (3 февруари 1979, Битола, Р. Северна Македонија) е поет, прозаист, книжевен критичар, доктор на науки по педагогија во областа на методиките и редовен професор по методика од областа на јазикот и литературата на Педагошкиот факултет – Битола, Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола. Акредитиран ментор е на магистерски и докторски студии со објавени над 100 стручни и научни трудови во референтни меѓународни публикации, учесник во значајни меѓународни образовни и научни проекти и национален обучувач за наставници. Ги има објавено следниве книги поезија: „Збор за зборот“ (со Златко Жоглев и Гордана Стојаноска, 2014), „Поема за маргините“ (со Гордана Стојаноска, 2015), „Црна точка“ (2017), „Стапалки“ (2017), „Три“ (2019), „Куќа на контрасти“ (2019), „Електронска крв“ и збирката раскази „Кафе, чај и црвено небо“ (2019). Нејзината поезија е објавувана и преведувана и во земјата и во странство.