Димитар Христовски
Димитар Христовски е лингвист, книжевник и писател, магистер по филолошки науки на филолошкиот факултет „Блаже Конески" во Скопје при универзитетот „Св. Кирил и Методиј" и дипломиран професор по англиски јазик и книжевност. Во своите изучувања, особено внимание насочува кон когнитивните концептуализации на апстрактните поими, нивното изразување како логички семантички единици и нивната комуникација преку индиректни средства. Овој елемент го пренесува и во книжевниот интерес, кој го продолжува со пишување на свои дела, проза и поезија, како и со изучување на книжевноста како една од примарните манифестации на човековата мисла, световната концептуализација и когнитивните процеси кои посредуваат со културата, општеството и поединецот.