Долорес Атанасова Лори
Д.А. Лори (Долорес Атанасова-Лори) (1974) е родена во Германија. Нејзините песни за првпат се објавени во Букбокс, по што следи соработка со издавачката куќа Блесок, за која, во 2014, ја издава својата прва збирка поезија насловена „Будење во трето лице еднина“. Во 2016, ја објавува книгата „Со ветрот под рака“, во издание на издавачката куќа Антолог. Во меѓувреме, нејзини песни се објавувани во поетската збирка 100.000 поети за промена и е-книгата Поетискон, како и на страната на Словокулт, онлајн магазин за уметност и литература, и Fixpoetry, германска платформа за литература на интернет. Поезијата на Д.А.Лори е исто така објавена во монографијата на Астални проекции, како и во најстарото македонско списание за литература, култура и уметност, Современост. По пауза од три години, во 2019, излегува нејзината трета книга, „Небо во кафез“. Добитник е на наградата ֦Тодор Чаловски֞ за 2019 година, која награда го овозможи излегувањето од печат на нејзината четврта книга ֦Ќе фатит бран”. Во 2020 за книгата поезија „Небо во кафез“, беше во првите пет номинирани за наградата Браќа Миладиновци“, која се доделува за најдобра книга од едни до следни Струшки вечери на поезијата. Досега е преведена на германски, англиски, српски, хрватски, италијански и шпански. Нејзина последна книга е „Сега ти стануваш јас“, издадена 2023, од издавачката куќа „Чудна шума“.