Душко Крстевски
Душко Крстевски е роден во Скопје, 1981 година. Магистрант е на Катедрата за македонска книжевност, каде работел и како демонстратор по предметите Македонска книжевност 20 век, Современа македонска книжевност 2 и Македонска книжевност 4. Повремено објавува песни и есеи во периодиката. Има соработувано со неколку музички групи. Заменик координатор е на литературниот клуб „Мугри” во рамките на Филолошкиот факултет „Блаже Конески”. Со години настапува на Струшките вечери на поезијата, на програмската целина Ноќи без интерпункција. Автор е на книгата Алхемија на 21 век.