Елизабета Баковска
Елизабета Баковска (1969). Дипломирала и магистрирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на катедрата за англиски јазик и книжевност. Докторирала на тема од областа родови студии на Институтот Евро-Балкан. Беше главен уредник на електронското списание за култура и литература Блесок (www.blesok.mk). Преведува, пишува поезија, проза и книжевна теорија и критика. Нејзина поезија, проза и критички текстови се преведени и објавени на англиски, шпански, романски, бугарски, унгарски, грчки, словенечки, српски, босански и црногорски јазик. Објавени книги: Житие на нашата љубов, поезија (Маседониа Прима, 2003) Четири годишни времиња: раскази за суштински нешта, раскази (Блесок, 2004) Состојби на духот и телото по триесеттата, поезија (Блесок, 2005) На пат кон Дамаск, роман (Слово, 2006) Варварите сè уште пишуваат поезија, поезија (самостојно издание, 2015) Сопствена соба, сопствено гето: женското писмо во современата македонска проза, книжевна теорија/критика (самостојно издание, 2016) Тринаесет осврти за книжевни и слични дела, книжевна критика (Блесок, 2018) Последните голтки: раскази за суштински нешта, вторпат, раскази (самостојно издание, 2018) Elizabeta Bakovska (1969). She received her BA and MA from the Faculty of Philology “Blaze Koneski” in Skopje, from the English Language and Literature Department. She holds Ph.D. in gender studies from Euro-Balkan Institute. She was the editor-in-chief of Blesok, an electronic magazine for culture and literature (www.blesok.mk). She translates, writes poetry and prose, as well as literary theory and criticism. Her poetry, fiction and literary criticism have been published in English, Spanish, Romanian, Bulgarian, Hungarian, Greek, Slovenian, Serbian, Bosnian and Montenegrin languages.