Елизабета Јончиќ
Елизабета Јончиќ свието детство и младост ги поминала во родниот град Прилеп. Дипломира на Педагошкиот факултет при Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола на студиска програма - Македонски јазик и книжевност. Пишува поезија, проза, книжевна китика и драмски пиеси за деца и возрасни. Основач и претседател е на Културно иновативен клуб Новаци. Иницијатор и основач е на фестивалот за детско творештво „Мост меѓу две срца“. Член е на Друштво на писатели Битолски книжевен круг, а од 2018 и негов претседател. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 2013 год, и Македонското научно друштво – Битола (одделение за лингвистика и литература) од 2020 год. Живее и работи во Новаци.