Елизабета Кацарева
Елизабета Кацарева е родена на 11 јули 1997 година. Дипломираше на колеџот за бизнис при Охајо Универзитетот во Охајо, САД на отсеците Маркетинг и Менаџмент. Прва љубов во градинка ѝ беше театарската сцена, за во петто оделение да се вљуби во филмот. Во втора година средно започна посериозна врска со поезијата со која уживаат страсна љубов до ден денес. Во меѓувреме кај неа се роди пасија за фотографија и кинематографија со кои планира да склучи брак. Објавувана е во додаток на весникот Нова Македонија - Медиум, како и во книжевното списание “Ш”.