Еуџенио Монтале
Еуџенио Монтале (1896 – 1981) е италијански поет, најпознат претставник на италијанскиот херметизам. Тој е добитник на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата во 1973 година и на Нобеловата награда за литература во 1975 година. Целиот свој живот го поминал во Италија, работејќи во издавачки куќи и во библиотека. За време на Втортата светска војна, како противник на фашизмот, Монтале бил принуден да живее изолирано и во тој период почнал да се занимава со преведување. Негови познати дела се „Аутодафе“, „Бура и друго“, „Сатура“ и други. Поезијата на Монтале претставува непрекината нишка на осаменички средби со лавиринтот на судбината, со изгубените или недостижни човечки ликови, со сеќавањата што извираат од длабочините на предметите.