Филипа Сара Попова
Родена во 1998 година во Лондон. Апсолвентка на катедрата по Општа и компаративна книжевност на „Блаже Конески“, Скопје. Од сите убави работи во книжевноста, најмногу ја интересираат поезија, сатира, дистопии и надреализам. Во 2022 година учествува на Отскочна даска, а поезијата ѝ е објавена на порталите Медуза и Репер, како и во антологиските збирки Рукописи 45 и Ново Раѓање на зборот. Нејзини академски трудови се објавени во студентските списанија In medias res и Мираж. Таа исто така пишува филмски рецензии за електронското списание Гледај.мк.