Џорџо де Кирико
ЏОРЏО ДЕ КИРИКО (1988-1978) е италијански сликар и поет, значаен претставник на метафизичкото сликарство, кое било своевиден контрапункт на тогашниот футуризам. Неговото творештво претставува зародок на надреализмот, во којшто се вклучува, по препрака на Гијом Аполинер, додека живеел во Париз. Заедно со неговиот брат Алберто Савинио, поет и сликар, ја создале теоретската рамка на метафизичкото сликарство, во коешто пристапиле многу футуристи. Неговата поезија извршила големо влијание на поети како Марк Стренд, Силвија Плат, Џон Ешбери и бројни италијански современици.