Гојко Божовиќ
Гојко Божовиќ (1972) е поет, есеист, литературен критичар, уредник и издавач. Негови книги поезија се: Подземно кино (1991), Душата на ѕверот (1993), Песни за нештата (1996), Архипелаг (2002), Елементи (2006), Блиски богови (2012). Книги со есеи: Поезија во времето: Антологија на српската поезија од втората половина на 20-от век (2000), Место што го сакаме: Антологија на современата српска поезија (2006-2011). Антологии: Антологија на новата српска поезија: Деведесеттите, дваесетти век (2005), Место што го сакаме: Антологија на современата српска поезија (2006-2011; на англиски јазик), Светот околу нас. Антологија на современиот српски расказ (2009). Неговите песни и есеи се преведени на многу европски јазици. Ги добил наградите: „Душан Матиќ“, „Брана Цветковиќ“, Ѓура Јакшиќ“, „Бранко Ќопиќ“ и „Меѓународна поетска награда Европа Џовани“за поезија. Основач е и главен уредник на издавачката куќа Архипелаг (Белград, 2007). Живее и работи во Белград, Србија.