Егзистенцијалната драма и мазохистичкиот ескапизам во „18% сиво“ на Захари Карабашлиев
Зак ја одбира уметноста како свет во кој може да избега за миг. Фотографирањето станува дел од него, нешто што со задоволство го прави само за себе. Во петдневното, на моменти налудничаво патување, со никонот е портретирана американската почва, гледана со очите на Зак – папсани од умор и тага, натопени и удавени во мрсно мартини – a горчината, заблажена со тоблероне.