Јован Ламбески
Јован Ламбески (Белград, 1965), автор на поезија и афоризми, соработувал со бендот Брдјани од Србија, со Влада Дивлјан од Идоли, со Милан Младеновиќ од Екатерина Велика, со Гиле од Електрични оргазам и други. Објавил и збирка раскази „Кратке приче“ во која има и една негов расказ, но и раскази на неколку негови пријатели и познати српски автори, меѓу кои и Давид Албахари, Михајло Пантиќ, Милета Продановиќ, Слободан Тишма, Мирослав Мандиќ... Свои дела објавувал во Књижевне новине од Белград и Мондо Соноро од Барселона. Организатор е на настанот „Креативен викенд“ што се одржува во Лазарополе, каде се организираат работилници за кратки книжевни форми, за филм, за фотографија, за музика и слично. Живее и работи на релација Париз-Белград-Скопје-Лазарополе.