Јованка Пачовска
Јованка Пачовска дипломира книжевност на Филолошкиот факултет при УКИМ. Примарно поле на интерес ѝ се современото балканско писмо и женските наративи.
Кон „Министерство на болката“ од Дубравка Угрешиќ
Откако го напушта домот во Загреб, Тања Луциќ, професорка по книжевност, се наоѓа во Амстердам, каде е ангажирана да предава на јазикот чија земја се распаднала. Нејзините студенти се млади луѓе со статус на бегалци кои ја делат нејзината поранешна татковина. Во обид да ја олесни колективната болка, Тања создава имагинарен музеј на југоносталгичарски експонати.
