Лидија Танушевска
Лидија Танушевска, доцент на Катедрата за славистика при Филололошкиот факултет „Блаже Конески“, е родена во 1969 година во Скопје. Работела како лектор по македонски јазик на Шљонскиот универзитет во Катовице и на Јагјелоњскиот универзитет во Краков, а и како лектор и раководител на преведувачката работилница (полски-македонски-полски) при Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура во Охрид. Од 2010 г. ги предава предметите по полска литература и предметите по практика и теорија на превод од полски на македонски и обратно. Се занимава и со книжевен превод од полски на македонски јазик и е добитник на неколку награди за преводната дејност.
Беседа на Лидија Танушевска за добитникот на „Златниот венец“ на СВП за 2018 година
Поетот знае дека каде и да се пресели, ќе живее во извесна внатрешност, во јазикот на детството, во детските спомени. Пишувајќи за различни места, ќе рече: „градовите се видливи модели на човечкиот колектив, кој има две димензии: она што е видливо и она што е невидливо. Архитектурата на градовите секогаш останува во врска со духовноста на луѓето што живеат во нив“.
