Мања Величковска
Мања Величковска (р. 1995) има дипломирано на катедрата за Општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ во Скопје. Моментално е на магистерски студии на програмата Естетика на катедрата за Филозофија на истиот универзитет. За време на своите додипломски студии волонтира во издавачките куќи Готен и Темплум и е дел од тимот на студентската филолошка конференција „Како си ми?“ и уредничка на зборникот од конференцијата. Има учествувано на неколку интернационални симпозиуми и волонтирано и работено на неколку домашни фестивали во областа на културата („Друга приказна“, „Струшки вечери на поезијата“, „Прво па женско“, „КРИК“ итн.). Веќе неколку години учествува во активностите на неформалната регионална група на книжевни критичарки “Pobunjene čitateljke”, а во слободно време пишува проза и уметничка критика. Сега работи како програмска асистентка во Коалиција МАРГИНИ.