Милчо Мисоски
Милчо Мисоски е роден во Струга 1972 г. Република Северна Македонија Дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје, специјалист микробиолог, примариус, магистер на медицински науки. Автор на неколку поетски збирки: ЧЕКАЈЌИ ГО АНГЕЛОТ (1992), ЧЕКАЈЌИ ГО АНГЕЛОТ/WAITING FOR THE ANGEL (2019) второ издание со превод на англиски јазик, ЗАПИСКИ (2013), ИЗНЕВЕРЕНО ВРЕМЕ (2016), ПЕСОЧНИ КАПКИ (2017), СТАКЛЕНИ СЕНКИ (2020), ЕФЕМИДИ (2022). Негова поезија е застапена во антологиите: "Поетите од Струга" (2001г.) во издание на СВП, "Дај две љубовни" (2015) и "Нема стих нема мир" (2017) Антолог. Објавува поезија во повеќе книжевни списанија (МОСТОВИ, ОДЗИВИ и др.) на просторите од поранешна СФРЈ, како и во СОВРЕМЕНОСТ, СТОЖЕР, РАСТ. Учествува на Меѓународната поетска манифестација "100 Thousand Poets for Change"- Струмица (2018 - 2023). Неговата поезија е преведена на српско - хрватски, бугарски и англиски јазик.