Милица Миркуловска
Милица Миркуловска (1965) е редовен професор на Филолошкиот факул¬тет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Македонија, и преведувач од полски на македонски јазик од 1989 година, почнувајќи од телевизиски серии, есеи, стручни и научни статии, фрагменти од полски книжевни дела во одделни списанија. Има преведено 4 научни монографии (лингвистика и етнологија) и 10 дела од постарата и поновата генерација полски автори, меѓу кои и двајцата нобеловци Х. Сјенкјевич и Ч. Милош, како и С. Лем, Ј. Пилх, А. Сташук, А. Тушињска, К. Варга, М. Парис.