Питер Колвајк
Питер Колвајк (1974) пораснал во Јужна Холандија, но веќе некое време живее во провинцијата Дренте. Тој смета дека секој треба да ја користи својата имагинација. Но доколку не може, тогаш може да ја користи фантазијата. На крајот на краиштата, тоа е и причината поради која ги пишува своите книги – и затоа што за некои теми може повеќе да се размислува. На пример, за тоа што е лудо? Или чудно? Својот пробив во светот на книгите за деца го направил со книгите за Вло и Стикел кои се читаат во седум држави, а неговата книга „Другарче“ е наградена со Златно перо во 2021 година.