Рајна Рац
Рајна Рац (RAJNA RACZ) е родена во 1997 г. во Загреб. Студентка е на дипломските студии по Компаративна книжевност на Филозофскиот факултет во Загреб и дипломските студии по Театарска и радиска режија на Академијата за драмска уметност во Загреб. Гласот на Рајна Рац е искрен и слободен. Иако е млада и посветена на друга уметност, Рац е извонредна поетеса чии песни имаат дефиниран идиом и глас. Тој глас никогаш не танцува по работ на баналното, но никогаш не го ни преминува.