Сара Груеска
Сара Груеска, родена на 28.02.1997 година во Битола, Р. Македонија. Дипломиран професор по македонистика: книжевност и јазик на УКИМ - Филолошки факултет ,,Блаже Конески" - Скопје, Р.Македонија.
„Медена земја“ – Приказна за убаво раскажана приказна
Без сомнение „Медена земја“ со проблемот кој го обработува ги освои срцата на сите. За тоа придонесуваат и сцените во кои гледаме предели, непознати и неоткриени и за повеќето од нас, македонците, а да не зборуваме за странците кои се воодушевени од негибнатата природа која излегува пред нивните очи.
Кон „Расипаниот часовник“ од Ѓорѓи Крстевски
Во време кога сите брзаат некаде, кога ретко наоѓаат време за себе, а уште помалку наоѓаат време да прочитаат некоја книга, кратките раскази стануваат литература која ги задоволува вкусовите на љубителите на пишаниот збор. Краткиот расказ раскажува само една поединечна работа врзана за една личност.
Анализа на сцена од „Буре барут“
Гледајќи ја претставата „Буре барут“ поставена на сцената на Драмскиот театар во Скопје од режисерот Сашо Миленковски во 2016, а имајќи предвид дека првично ја режирал во 1995, можеме да заклучиме дека проблемите кои биле актуелни во 90-тите години на XX век се подеднакво актуелни и денес. Дејствата кои се обработени во драмата (во 1995) се последица од политичките ситуации кои се случувале во 90-тите, по распадот на тогашниот систем.