Сашо Кокаланов
Сашо Кокаланов е македонски новинар, романсиер, и драмски автор.[1] Роден е на 9 октомври 1977 година во Скопје, Република Македонија. Дипломирал новинарство во 2001 година на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а магистрирал на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања. Ги објавил романите Самецот (2003), Ноќ на железничката станица во Розендал (2003) и Изабела, Исмаела и јас (2004) како и драмскиот текст Кафез за будали (2001). Неговите романи се преведени на српски и на бугарски јазик. Бил главен и одговорен уредник на весникот „Дневник“ во периодот 2008–2011.