Стефан Шоме
Стефан Шоме (1971, Дункерк, Франција), писател, поет, фотограф, уредник и преведувач, живеел во разни земји во Европа, Латинска Америка, Среден Исток и Азија. Објавил бројни книжевни дела, меѓу кои: Дури и за да не се победи, Марионети, Со среќата на едрата, Сириски хроники (новели), Во голотијата на времето, Преминување скитништво, Урбани минијатури, Проголтани гробишта, Хазард на загубата, Инсомнија и двојазичната антологија Починка во оган. Уредник е на повеќе светски поетски антологии, меѓу кои и на Антологијата на современа македонска поезија објавена кај издавачот Uniediciones во Богота во Колумбија во 2019. Превел на француски јазик бројни латиноамерикански и шпански поети, како и германската поетеса Хилде Домин и персиската поетеса Фороу Фарокзад. Објавил монографии на фотографии од Сирија во предвоениот период.