Стефани Табаковска
Стефани Табаковска од Ресен е пасиониран читател уште од детството, а книгата што ѝ ја поттикна љубовта кон читањето е „Хајди“ од Јохана Шпири, која до денес ѝ e прочитана десетина пати и може да цитира извадоци напамет. По завршувањето на студиите, поминува една година во Шпанија во реонот Ла Манча, на читателите познат по делото „Дон Кихот“. Моментално работи во софтверска компанија во Скопје. Дел е од админ тимот на најголемата група на читатели во Македонија, „Размена на книги и книжевни муабети“, каде што го води Клубот на читатели и ги споделува своите осврти. Изминатата година прочита над 150 книги, а оваа година планира да чита од нови жанрови, домашни автори, како и да го намали бројот на непрочитани книги на своите полици. Слободното време го поминува во читање книги, но и блогови посветени на книжевноста, а води и свој блог, кој може да го посетите на https://readwithstefani.com/