Тања Петковска
Тања Петковска е родена и живее во Скопје. Дипломирала библиотекарство и сè уште е во потрага по сопствено гнездо, библиотека, архив, издавачка куќа или книжарница, некаде каде што ќе биде своја и исполнета. И покрај тоа што нејзината работа не е поврзана со тоа што го студирала, нејзина најголема љубов и натаму се книгите. Нема омилен жанр и чита речиси сè.
Рецензија за „Во сенката на злосторот“ од Хелена Хеншен
Помирена со самата себе и со судбината која можеше да биде и поубава, ама не ѝ се даде, остана да го следи во неговата лудост, дури и кога е сигурна дека тој ќе направи злостор, дури и кога е сигурна дека и таа ќе биде дел од тој злостор, дури и кога на крајот знае дека ќе биде жртва во тој злостор…