Валентина Трајановска
Валентина Трајановска е родена на 13.2.1997 година во Берово. Дипломирала на Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици на тема Условните зависносложени реченици во романот „Песот со тажен поглед“ од Оливера Николова при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Обожава да чита проза од современи домашни автори. Љубител е на книжевноста за деца. Исто така ја интересираат теми од областа на екологијата. А вљубеник е и во филмот.