Денис Бојаров
Денис Бојаров е роден на 4.6.1987 година во Штип. Основното и средното образование ги завршува во Радовиш, а високото во ФЛФ „Блаже Конески“ – Скопје, на Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици. Во последните петнаесетина години живее во Скопје и работи како преведувач од турски на македонски јазик и обратно, лектор по македонски, предава приватни часови по македонски на странци и е еден од авторите на Дигиталниот речник на македонскиот јазик. Учествува на неколку книжевни читања и е добитник на десетина награди, од кои најмногу се радува на првата награда и трофеј за прво место за поетската творба „Афродита“ на литературната манифестација „Охридијада, 2018“; Прва награда за најдобра поетска творба под наслов „Љубовта е најубава“ на поетската манифестација „Гордана Коцева, 2019“; Награда за убав стил на пишување поезија на литературната манифестација „Охридски бисер на поезијата, 2019“ и диплома за најдобар расказ под наслов „Нека играат децата“ на меѓународната манифестација за литература, уметност и култура „Планетопија, 2019“. Ова е неговата дебитантска книга, насловена како „Нека играат децата“.