За романот „Во сенката на злосторот“

Она што привлекува внимание во оваа крвава драма е тоа што убиецот бил вујко на авторката, која тогаш имала само 15 години кога била сведок на овие грозоморни убиства, за кои било забрането да се зборува во кругот на семејството, очекувајќи дека така многу бргу ќе се заборават немилите настани, затоа што вакви општествени скандали биле најлошото нешто за повисоките класи во тоа време.

Каква книга, човече! Се наежив и уште се ежам. На почеток ќе речеш „што ме интересираат овие податоци“, но понатаму ја сфаќаш суштината на тие податоци, кои авторката ги истражувала долги години, и кои потоа многу спонтано се вклопуваат во целокупната приказна. Секоја чест и за трудот во однос на сите полициски извештаи, сите истражувања и, воопшто, за целата книга.

Ова е автобиографска книга, па веројатно затоа и авторката Хелена Хеншен толку многу се потрудила. Станува збор за крвава семејна трагедија, која вклучува низа убиства. Во Шведска, на почетокот на 1930-тите години студентот Фредрик фон Сидов го убива својот татко Јалмар, кој бил окружен судија и претседател на шведското Здружение на работодавците, а заедно со него ги убива и нивните две слугинки. А откако ќе избега во еден хотел во Упсала заедно со својата жена Софи, ѝ шепнува нешто на уво и ја застрелува и неа, а потоа и себеси, бидејќи сфаќа дека полицијата ги чека надвор. Потоа следуваат причините за убиствата и животот на брачниот пар Фредрик и Софи.

Она што привлекува внимание во оваа крвава драма е тоа што убиецот бил вујко на авторката, која тогаш имала само 15 години кога била сведок на овие грозоморни убиства, за кои било забрането да се зборува во кругот на семејството, очекувајќи дека така многу бргу ќе се заборават немилите настани, затоа што вакви општествени скандали биле најлошото нешто за повисоките класи во тоа време. Срамот на семејството бил голем, па затоа се бранеле со молчење. Но, колку и да молчи семејството, јавноста во Шведска гласно зборува до ден-денес за убиствата во ова познато семејство. Отворете Википедија, ќе видите дека јавноста сѐ уште е заинтересирана за овој настан.

Но, Хелена Хеншен одлучила да зборува, па напишала еден неверојатен роман за кој добила и награда за литература на Европската Унија во 2009 година. За жал, авторката е веќе почината, но ќерка ѝ присуствуваше на промоцијата во Скопје, на македонскиот превод на книгата.

Овој крвав роман ќе им се допадне на сите љубители на книгата, без разлика кој жанр ви е омилен. Изданието е на Антолог.

Тагови од објавата
Напишано од
More from Денис Бојаров
Кон „Децата на Волга“ од Гузел Јахина
Гузел Јахина уште еднаш импресионира со овој симетричен роман, кој започнува и...
Повеќе
0 replies on “За романот „Во сенката на злосторот“”