Елена Ѓорѓиовска
Елена Ѓорѓиовска е родена на 25.6.1997 година во Прилеп. Дипломирала на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Двапати ја има добиено наградата „Блаже Конески“ за есеј, што ја доделува Филолошиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје. Сака да чита, љуби поезија и ужива во патувања.
Кон „Расипаниот часовник“ од Ѓорѓи Крстевски
Во јужнословенскиот фолклор, рамноправно е присутна и претставата за самовилите како демони на природата (водени или шумски духови). Во прилог на тоа говори и верувањето дека самовилите настануваат од росата или израснуваат од билките. Се верува и дека особено се опасни самовилите кои се наоѓаат покрај извор.
Кон „Врба“ на Милчо Манчевски
Обидите да се прогони злото и неротката да роди се гледаат во верувањето да се прават одредени магиски обредни ритуали. Интересен е фактот на испреплетување на паганските обичаи со христијанското верување. Во еден момент Донка се моли пред иконата од Богородица, а веќе во друга сцена таа и Милан врзуваат конци и го гребат каменот во чии магиски моќи се верувало, а и сè уште има луѓе кои веруваат.