Мирослав Трајковски
Мирослав Трајковски-Мики е роден 1994 година во Скопје, Р. Македонија. Во родниот град го завршува своето образование и високите студии по Агроекономија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Љубовта кон убавиот пишан збор и литературата ја негува уште од рана возраст, пишувајќи песни и кратки раскази. Од 2014 година тој започнува со учества на различни поетски и литературни манифестации во земјата и странство. Во 2019 година станува и првиот добитник Македонец, на втора награда, за најубав избор на песни – на Меѓународниот Славјански Фестивал за Поезија во Харков, Р. Украина. Досега има издадено повеќе текстови и материјали во коавторство а во 2020 година ја издава својата прва самостојна книга „Белези“ - песни и писма, за која е избран за најдобар млад автор на конкурсот за прва книга во рамки на проектот „Млади македонски писатели“. Книгата “Стиховерзум” (2024) е најново дело на Трајковски.