РЕПЕР
www.reper.net.mk
ДЕВЕТ ВРВНИ ЕВРОПСКИ ПИСАТЕЛИ – ГОСТИ НА BOOKSTAR 2021 ПОД СЛОГАНОТ „GENRESIS“
Европската литература како никогаш досега посегнува по своите деконструирани и раскршени крилја. Затоа, ќе мора да креира, реплицира, колекционира, конгруира. Тука, меѓу дискрепанцата на спротивставените жанрови во настанување или не-станување, се подига нов збор – GENRESIS. Зборот беше почеток, може ли сега да биде – крај?
Кон „Убиствата на Алиса“ од Гиљермо Мартинес
Кристен Хил, млада стипендистка добива задача да ги собере оригиналните тетратки и при тоа ја открива шифрата на една таинствено откината страница. За да си ја зачува заслугата за откритието Кристен договара средба во братството. Вечерта пред средбата ја прегазува автомобил, едвај се спасува, но не присуствува на неа. Се случува серија злостори кои се чини имаат за цел да спречат да се обелодени тајната на таа страница.