ФУСНОТИ, 2

Тие што ги праќаат сопствените сеќавања на брановите на поезијата за да ги пробудат, за да ги освежат нашите подзаборавени доживувања, тие што во занесот на создавањето не се прашуваат зошто и за кого создаваат…

ФУСНОТИ, 1

Таму каде куќата исчезнала во зграда, мостот се престорил во друг мост, од улицата се искорнати дрвјата со мириси, шушкања и паднати лисја – меморијата ќе биде главен сведок.

ВЕЛОСИПЕДИСТ

Во неговото „другарско“ време, професорите беа вистински воспитувачи, и по облеката, и по предаденоста на професијата. А овие денес?

ЗА НЕКОИ ЛИКОВИ КАЈ ТОМАС МАН, ГУСТАВ ФОН АШЕНБАХ – ОД МАН ДО ВИСКОНТИ

Физичките аспекти на главниот лик во „Смрт во Венеција“, како што кажав, се погодени во изборот на актерот Дирк Богарт како Ашенбах. Но затоа Висконти ја менува професијата на Ашенбах – од писател во композитор. Сврхата на ваквата промена е суштинска за филмската приказна: музиката е мошне важен сојузник во емотивниот колорит и течение на „Смртта во Венеција“. Со Адаџието од Петтата симфонија на Густав Малер филмот отпочнува и завршува.

ПИСМО

Мислам дека сите ние подеднакво го имаме чувството на несоодветство на времето што си минува и нашето време – рече татко ти – Ни се чини дека вчера замина, како да е само еден ден отсутен, а се` околу нас го тврди сосема спротивното – дека долго го нема.

КАТАСТРОФИ

А реката постојано расте – ги искачува насипите, го урнува мовчето, потоа со дебели водени прсти се шири по околните улици, меѓу кои и по неговата.