Кога го прашав еднаш што треба човек со здрав разум да мисли за исечокот од весникот, рече дека е тешко да се одлучи зашто денес веќе никој нема здрав разум.
Едвај се осмелував да ги допрам и другите предмети во станот, како да беа неодамна позајмени и сè уште завиткани во пристојноста која те принудува да ги користиш со големо внимание и само онолку колку што е потребно.
„Арагон“ претставува мозаично склопена хроника на луѓе, оттргнати или откорнати од своето право на обичен живот и луксузот наречен секојдневие, а потем фрлени во нивните, сурово подвоени судбини и взаемни (помалку или повеќе) забранети релации.
Силна и возбудлива приказна, со елементи на филмска нарација во најдоброто значење на зборот, се преплетува со лирска експресивност, која особено доаѓа до израз кога се преиспитуваат животните ломови на јунакот на романот, како и со уверливата психологија на јунаците и нивните одлуки и постапки.
Фасцинантна збирка на трансформативни приказни со феминистички ориентирани интерпретации, истовремено и просветлувачки и зајакнувачки за секоја жена во потрага по својот внатрешен дух.
Фестивалот BookStar со својата исклучително богата и општествено ангажирана програма во периодот 2-4 октомври ги стекна епитетите „фестивал со програма од светски ранг“ и…