Ако не постои ноќта никој од нас не би знаел колку е убав денот

Книгата-сликовница „Луна и Темнината“ раскажана од Зорица Николовска и нацртана од Иван Најденовски, може да се чита и како мал мит и како голема сказна зашто му ја отвора вратата на детето-слушател, но и на детето-читател кон растењето преку личното спознавање и зашто му дава некои одговори за појави и емоции кои тоа не може да си ги објасни.

За една Сивка и кревка и силна

Паметиме дека поетот, па и човекот сака да се огледа во птицата, како во оној гарван на Едгар Алан По или во оној албатрос на Шарл Бодлер или пак во птицата феникс на Михаил Ренџов. Ама во пеперутка?

Кујунџијата што другарува со Хармс

Хармс е познат и по чудната смисла за хумор и особено по необичниот стил на облекување. Не сум забележала дека Жарко Кујунџиски необично се облекува, ама ептен необично ги преоблекува своите стихови. Тие постојано се чувствуваат стеснето доколку не им даде можност да се преоблечат низ метафори позајмени од филмот…

Да се влезе во туѓа кожа

Ако нѐ води мислата на Жан Пол Сартр дека „Зборовите се наполнет пиштол“, тогаш приказните што ги раскажува Бајлозова-Барламова, се пиштол што може да ти ја разнесе и мислата и душата. „Ако си осамен кога си сам, тогаш си во лошо друштво.“, вели Сартр. А во какво друштво се ликовите од збирката „Облогот“?

За писателските работи на Блаже Миневски

Она што особено го истакнува книжевната критика е дека, како и во романите, така и во расказите Миневски ја комбинира фељтонистичката историографичност со еден свој поетски имагинариум, како и дека познати историски приказни лесно ги преоблекува во постмодерни фикции.

Оној што има пролет во душата секогаш ќе го гледа светот расцутен

Приказните се силно драматични и болни зашто во најголемиот дел ги раскажува самата Ника. Од позиција на засведочен раскажувач, Ника ја отвора својата душа и ни ја кажува со растреперен глас својата болка, болката на Ригел…

Убавата песна на Пепи Стамков

Збирката е една пригушена воздишка и издишка. Дали сѐ повеќе мириса на иднина изградена од собраните остатоци на светот? Дали тие собрани остатоци од светот е она што истовремено и го вознемируваат и го инспирираат Пепи Стамков?

Огне – детето што ме гушка

Самото растење на Огне се случува низ девет приказни (како низ оние шест од претходниот роман) кои истовремено може да се читаат и како роман зашто сите нив ги врзува еден лик и тој манир Наумовска како да го позајмила од Оливера Николова и нејзината култна книга „Зоки – Поки“.

Прекрасни сончиња се сонуваат и остваруваат и со очиња што не можат да гледаат

Книгата „Чекорите до црешовото дрво“ од Паола Перети отвора нови полиња на интерес и третира досега за нас како читатели една нова тема, а тоа е Страргартовата болест што предизвикува постепено губење на видот и која води до конечно слепило. Со ова се соочува главната хероина, девет-десет годишната Мафалда.