Мирослав Крлежа пред мапата на македонскиот национален ентитет

Во рамките на нашиов сегашен пристап кон Крлежа интерес привлекува само неговото искажување во разговорот со делегацијата на Струшките вечери на поезијата на 19 септември 1979 година во неговиот дом во Загреб.

Лемур

Андра Ротару (1980) е ново име во романската поезија, кое веќе гради успешна меѓународна кариера. Третата книга поезија, „Лемур“ (2012), била прогласена за најпродавана поетска книга на саемот во Букурешт и наградена за најдобра поетска книга.

Таткото на Црвенокосата (За „Ќерката на математичарот“ од Венко Андоновски)

Она што мене ми го привлече вниманието во овој роман е умешноста на Андоновски да го заведе читателот да се занимава со приказните што се ставени in praesentia (во прв план, изложени на светлото од ламбата), а in absentia (во сенка) да ја смести есенцијата на својот роман, приказната за Математичарот.

Духовитост наспрема хумор

Кога се зборува за еволуцијата на поимот „духовитост“, како и за неговата поврзаност со поимот „хумор“, предвид всушност се зема англофонската традиција. Оттаму преводот на зборот “wit” на македонски овде е само условно земен како „духовитост“ – збор кој во македонскиот јазик ги нема истите нијанси на значење кои ги има и имал во англискиот.

„Писмата до еден германски пријател“

Секој читател што ќе ги чита „Писмата до еден германски пријател“, од оваа перспектива, односно гледајќи ги како документ што произлегува од борбата против насилството, ќе види дека и после сè не одрекувам ниту еден овде напишан збор.

За „Остатоци од некое друго време“ од Никола Маџиров

Постои чудна непретпазлива врска не само со минатото на Маџиров како Македонец фатен и прогонуван од неговата константно непријатна историја, но и со неговото име и начинот на кој неговите песни се одвиваат – некогаш графички, некогаш звучно, а понекогаш двете одеднаш – „дома“ и „скитајќи“.