Романот Settlers of the Marsh прв пат е објавен во 1925 година и веднаш добива статус на контроверзен. Некои критичари го карактеризираат какороман со“непристоен” и “недоличен” тематски пристап.
Јулијана Величковска еродена 1982г. во Скопје. ДипломиралаМакедонска книжевност и јужнословенски книжевности на Филолошкиот факултет во Скопје. Автор е на две книги: монографија „Дваесет години Поетска ноќ во Велестово“ (2009, ПНВ) и поетската збирка „Комарци“ (2010, ПНВ).
Дека човековиот ум мисли и спознава во бинарни опозиции веќе не е никаква новост, баш како ни повеќевековното припишување на другата, темната страна од опозицијата на женското и женственото.