Мигновна или не, и сегашноста е сурово минлива, но минатото е стравотно минливо – тоа е неповторливо; па, така, остануваат спомените (особено запишаните), тој код на незаборавот, на трајното.
Наградениот поетски ракопис на поетесата Елена Пренџова никнува од дилемите на животот, а љубовта кон Другиот, кон човекот, кон светот – создава поетско соѕвездие.
Македонската тамбура е составена од четири челични жици, во два реда од по две жици закачени на метална опашка и придржени со лебдечки мост на телото на тамбурата.
Филигранството важи за една од најпрефинетите и најстари техники кога станува збор за обработката на метал. Нејзина основна карактеристика е плетењето многу тенка, веќе обработена жица.