Црно-белото јагне и белиот црнец

Ретко е авторот чиј дебитантски роман шармира со новини и со искреност пак да може да предизвика интерес за пишувањето...

jagne„Ретко е авторот чиј дебитантски роман шармира со новини и со искреност пак да може да предизвика интерес за пишувањето не само со мудрото спојување на зборовите туку и, пред сè, со оригинална изјава. И покрај црпењето инспирација од сопствените искуства, Змешкал повторно успева да го пренесе својот став за состојбата на целокупното чешко општество, за нас. Ги отсликува животните ситуации и однесување за своите читатели, кои повеќето од нас – белците – не можат да ги сфатат, па дури и оние што за себе сметаат дека немаат предрасуди, дека се либерални и толерантни. Со својот специфичен пристап, Змешкал го опишува периодот помеѓу шеесеттите и осумдесеттите, период што многу се идеализира во сегашно време, можеби поради интелектуалната површност и леснотија или од поглед на оптимизмот на сеќавањата – затоа што тогаш бевме млади и убави. Писателот опишува свет во кој она што го нуди општеството не функционира“.

Од издавачот „Торст“

 

„Змешкал се појави во чешката книжевност како готов автор. Првенчето Љубовно писмо со клинести букви заслужено ги маѓепса повеќето критичари, но и многу читатели. Најистакнатите црти на романот беа ерудицијата за историјата на книжевноста на авторот, нејзината внимателна и шегобијна примена во стилот на раскажувањето и внесувањето на мирниот, трпелив и изразит раскажувач во современата домашна литература. Истото важи и за Животописот на црно-белото јагне. Сепак, станува збор за сосема поинаква книга“.

Марек Добри, коментар во дневниот весник MF Dnes

 

„Втората книга на надежниот писател Томаш Змешкал е исклучително впечатлива. Доминантната тема на романот е односот меѓу близнаците-мулати Вацлав и Луција, кои се разликуваат од околината според бојата на кожата, и нивното постепено запознавање со расизмот во чешкото општество во сите форми. Змешкал внимателно го прикажува односот меѓу близнаците со сите зачини. Авторот инспирацијата ја добил од сопственото искуство, но и покрај тоа, сведочи за целото чешко општество и за неговиот однос кон малцинствата“.

Портал „ČteSYrád

 

Томаш Змешкал е роден во 1966 година во Прага, во семејство на татко Конгоанец и мајка Чехинка. Студирал англиски јазик и книжевност на Кралскиот колеџ при Универзитетот во Лондон. Работел како асистент на Карловиот универзитет во Прага, потоа како лектор, преведувач, толкувач и како средношколски професор по англиска книжевност. Во осумдесеттите години кратко свирел во групата „Кучешки војници“ (Psí vojáci), која ја водел писателот и музичар Филип Топол.

Најпрвин објавувал раскази, но познат станал по својот прв роман, „Љубовно писмо со клинести букви“ (Milostný dopis klínovým písmem), објавен во 2008 година, кој е преведен на осум јазици. Бил номиниран за наградата Magnesia Literа, а ги добил наградите „Јозеф Шкворецки“ и Европската награда за литература во 2011 година. Ги објавил и романите „Животописот на црно-белото јагне“ и „Сократ на екваторот“. Македонскиот превод на „Животописот на црно-белото јагне“ е прв превод на странски јазик.

Тагови од објавата
Напишано од
More from РЕПЕР
Безизлезна положба
Ви преставуваме избор песни во проза од Влада Урошевиќ.
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *