Жолтозелен или жолто-зелен?

Ги очекуваме вашите јазични препораки на: mak.katce@gmail.com.

Кога станува збор за пишувањето на сложените придавки што означуваат боја, постојат дилеми дали тие да се пишуваат слеано или со цртичка, па во практиката често ќе сретнеме различни бележења: светло-зелен и светлозелен; жолто-зелен и жолтозелен.

yy

Според Правописот на македонскиот литературен јазик, кога со овие придавки се означува извесна нијанса на определена боја, тие се пишуваат слеано: светлозелен, темнозелен, светложолт, темножолт, светлосин, темносин.

Меѓутоа, кога ваквите сложени придавки ја задржуваат својата самостојност во поглед на значењето, тогаш нивните составни делови се сврзуваат со цртичка.

Оттаму, различно е значењето на жолтозелен и жолто-зелен. Жолтозелен ја означува нијансата на определена боја, додека пак жолто-зелен значи дека нешто е двобојно, односно со жолта и со зелена боја.

На ист начин се пишуваат ваквите споеви составени од повеќе од два збора, на пример: сино-бело-црвен.

Но никако не смее да се допушти светло-зелен или темно-зелен. Имајќи предвид дека означуваат нијанса, овие зборови секогаш се пишуваат слеано.

Ги очекуваме вашите јазични препораки на: mak.katce@gmail.com.

Тагови од објавата
, , ,
Напишано од
More from РЕПЕР
За Македонија имам само позитивни асоцијации
Тоа што прави во Македонија да се чувствувам како дома е амбиентот,...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *