Скриените пораки што трепкаат во времето на Алиша Егерт

Алиша Егерт (Alicia Eggert) е американска уметница чие творештво првенствено доаѓа во форма на кинетичка, електронска и интерактивна скулптура.

Алиша Егерт (Alicia Eggert) е американска уметница чие творештво првенствено доаѓа во форма на кинетичка, електронска и интерактивна скулптура. „Сè што барате“ (Everything You Are Looking For), нејзината најголема самостојна изложба реализирана досега, претставува големо дело што се базира на нејзиното потекло и основата во скулптурата и димензионалните студии, и е цврсто вкоренето во дизајнот. Еден од професорите на колеџот Bowdoin во Портланд, Мејн, неодамна ја награди Егерт со наградата Dave Bown Grand Prize, а исто така таа беше прогласена за TED-соработник во 2013 година.

Занаетчискиот пристап во делата на Егерт е она што би можело да се смета за хронолошки негативен простор, моментите што ги опкружуваат моментите. Таа користи секакви индустриски материјали, па така, може да се најдат најразлични механички елементи, автопатни знаци, скулптурите што таа ги создава ја истражуваат естетиката на времето и природата на исчекување преку зборови и пораки во движење.

Таа се обидува да ја пронајде „златната средина“, да ја (про)најде суштината и во механиката на самиот објект и во сопствената, лична интеракција со скулптурата. Односот со времето, релацијата, комуникацијата со возвишеното, се најчеста суптилна тема во светот на Егерт. Нејзините дела не се движат со рамномерно темпо, туку сосема спротивното. Ние сме фатени во некаков метеж, во небрано, во секвенции каде што времето навидум забавува пред зборот да се открие и се забрзува кога пораката ќе исчезне.

Слично на ова, пронајдените и замрзнати мигови на исчекување во нејзините фотографии, се тема што полека но сигурно се наметнува во нејзиниот „ракопис“, во нејзиниот пристап – селекцијата што таа ја создава, чиј дел беше и на оваа нејзина последна изложба, се обидува да направи потег со кој ќе го мотивира гледачот да го пополни остатокот од приказната.

Нејзините дела се интерактивни скулптури, инсталација и/или можност да комуницира со повеќе медиуми. Иако е ентериер-дизајнер во својата основа на образование, нејзиното творештво е интердисциплинарно со природата. На крајот на краиштата, таа се стреми да создаде колекција од дела што би поттикнале разговор, односно се труди да создаде соработка во целиот процес на производство, поточно интерактивност со самиот објект или инсталација со публиката. Со огромна доза на поетичност, умисленост, концепт што лежи и во процесот на изработка и во финалната порака, наспроти традиционалната уметност, таа го става гледачот во функција, во улога што преку практично поттикнување на активно учество дополнително го возвишува и му отвора можност, простор, за едно ново, уникатно доживување.

Алиша Егерт ја истражува материјалноста на текстот и односот меѓу јазикот, сликата, времето, пејзажот, индивидуалната рефлексија, наспроти сите овие термини што ја исполнуваат нејзината инспирација и поттик за креирање дела.

Зборовите како „вечност“ и „чудо“ се фабрикувани најчесто од точки и линии што механички се формираат и го разделуваат текстот, т.е. прават пресек помеѓу текот на времето. Неонските зборови трепкааат, се исклучуваат, за на крајот да пренесат порака што е метафорична, лирична, блиска до духовноста и начинот на живеење во современото општество.

Етимологијата е отелотворена во движење на делото, илустрирајќи ја формата на зборот и значењето, кое има способност да се промени, и во крајна линија да влијае на нашата перцепција на светот.

Тагови од објавата
Напишано од
More from РЕПЕР
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *