Нашите деноноќија

Мислите кружат како низ обрач / И сонот за жива глава не го пуштаат / До тебе да дојде.

 

НАШИТЕ ДЕНОНОЌИЈА

 

Некои деној

Ко капка на млад лист се лизнуваат

Се прашуваш

кога дојде сонцето – кога си замина.

Има и ноќи што вечност траат

Мислите кружат како низ обрач

И сонот за жива глава не го пуштаат

До тебе да дојде.

 

Некои ретки луѓе

умеат да ѝ сторат нешто на мислата

па таа како камен ќе потоне во длабоките води.

Останатите не умеат да ја

Сторат камен

И сетне како стакло ја држат

цврсто во рацете

Па таа им ги сече кожите, а тие викаат од болка.

 

Но таа болка знаеш,

Честопати е навредлив збор

Од зајадливец чуен

Пцовка по навика изустена

Или израз на злото кое демнее

Што пред лице ти го покажуваат

Сè ќе сторат но стаклото слепо од раце не го пуштаат.

 

Некој пат деновите траат долго

Како сите часови да се за денот

Некои ноќи тонат во сонот

Излажани се многу тивко од зборот

Има луѓе што тоа го чувствуваат

И луѓе што почнале во тоа да уживаат

Неразјаснети деноноќија

Налудничав свет

И сè така ние живееме, до недоглед!

Тагови од објавата
More from Мирослав Трајковски
Писмо за другарството
Љубовта, почитта и разбирањето се работи кои не може да се купат,...
Повеќе
0 replies on “Нашите деноноќија”