http://free-slots.us.org/

Правилни и неправилни множински форми





images

Неодамна во еден наш печатен медиум го сретнавме следниот наслов: „Најчудните смртни случаеви во историјата“. Вниманието ни го привлече множинската форма на зборот случајслучаеви. Примерите со неправилни множински форми од ваков вид неретко ги среќаваме како во пишаната така и во говорената пројава на јазикот. Така, често ќе слушнеме или ќе прочитаме: вишкови, трошкови, појмови, спискови и сл. Поради тоа, сметаме дека треба да обрнеме внимание на оваа појава.

Точно е дека дублетната наставка -ови/-еви е многу честа во нашиот јазик и дека голем број именки од машки род образуваат множина со неа (денови, лебови, броеви, ножеви). Меѓутоа, во најголемиот број случаи (освен кај именките ветар – ветрови и оган – огнови), станува збор за множински форми од едносложни именки (ден, леб, број, нож).

Повеќесложните именки од машки род, пак, образуваат множина со наставката , при што, во некои случаи, може да дојде до некои гласовни промени. Така, множинската форма од вишок е вишоци, од трошок – трошоци, од поим – поими, а од список – списоци и сл. (не: вишкови, трошкови, појмови, спискови…). Уште повеќе, наставката се јавува дури и кај некои едносложни именки напоредно со наставката -ови/-еви. На пример, од ден, покрај денови, се среќава и дни; од знак – знакови, но и знаци; од зрак – зракови и зраци и сл.

Кога станува збор за тоа дали да се употреби -ови или -еви, не постојат некои строги правила, па често една именка може да се сретне и со двете наставки (кралови – кралеви, ножови – ножеви, царови – цареви). Сепак, пообично е да се употреби наставката -еви кај именките што завршуваат на (број – броеви), а наспроти тоа, да се употреби -ови кај оние што завршуваат на -еј (кеј – кејови). Во другите случаи разликата е порасколебана и изборот на наставката зависи од волјата на говорникот / пишувачот.

Испратете и вие свој напис на некоја јазична тема на mak.katce@gmail.com.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>