„Продолжено образование“ – или Опростувачко писмо на Камиказе

Критички осврт кон романот „Продолжено образование“ на младиот автор Сотир Ристо кој вешто ги комбинира Сартр и Ками со Буковски и Селин.

774_30_49_11__4__10_2012Sotir Ri

„На крај, како да се протресувам и да ги отворам очите; наместо да се победувам себеси и светот, треба да почнам да живеам, но прашање е дали можам, и дали овие рефлексии не ја покажуват мојата немоќ да излезам од нив. Работата е во тоа што цело време мислам дека се соочувам со светот, но всушност се борам со себеси.

Сега гледам дека кога престанав да бркам сенки од минатото, престанаа и тие да ме гонат мене. Истото е и со сите желби, со една ејакулација сите сексуални желби исчезнуваат, и си велев дека ми треба човек, а не сексуални желби.“

Сотир Ристо во својот роман во дневничка форма, како своевиден потомок на исповедникот од „Записи од подземјето“ низ еден солилоквиј реалистично ни опишува своевидна „историја на младиот човек“ од хуманистичко-уметничките профил, кусо пред (или по) дипломирањето; во POV-style доловува чувство како да си Сматок во еден технократски Atomic Age, на глобализам во сирова неотранзициска варијанта, каде предност имаат некои поутилитарни вештини.

Па сепак, кај Сотир Ристо отсуствува самосожалување или ако го има, тоа природно доаѓа од лични преокупации, а не заради вртоглаво губење на важноста на книжевноста/уметноста во нашето постапокалиптично општество.

Отменоста на неговите опсервации ги докажува без да западне во евтини ничеански немилосрдности, што е инаку редовна практика, во вакви исповедувачки постадолесцентски жанрови, туку напротив, цистерни со шарм и топлина шикнува од едно малопреспанско чувство за егалитаризам, „народност“ во најдобра смисла на зборот.

Неидентификуваниот наратор е млад писател, зафрлан по правливи „мансарди“, но без какво било зафаќање поза на писател, и С.Р.; (ова доаѓа ко своерачно?) потполно свесен дека не постои писателски животен стил, и како таков, неговите автофикциски „запазувања“ зафаќаат опсег за судбината на генерациите од рани 20-ти до рани 30-ти.

Во позадина таи еден даркромантик и бодлеровски фланер кој скита по „споредни скопски улици“ демонстрирајќи хедонистичка сласт за радостите кои ги предизвикува Женското Тело, кој го гледаме во разни sexual encaunters неретко пропратени со пластични описи („ја фаќав како што се фаќа месо“) трагајќи по некаква иницијална каписла, ултимативен бег од „енергетските падови“.

[pullquote align=”left”]Внатре има сè: маестрално опишување на вегетативната скопска атмосфера; страв од лудило; уживање во самодоволност; луцидни себерефлексии под удари на барабани на самотијата; метафизики ослободени од евтина метафизичност[/pullquote] Низ миниплотерски интроспекции натопени со смела филозофичност, ги гледаме сите залудни обиди за катапултирање во Светот&Животот, подалеку од „сувопарниот свет на книгите“.

Нараторот во обидот да преземе одговорност за сопствениот живот (ма, да преживее!) под хиперпрагматички пранги, измачен дека не прави ништо корисно, „профитно“, опишува со чувство на вина состојби на „излежување, на размислување, ситночовечки односи“, на Инертноста која е токму неопходна за да човек се занимава со пишување.

Иако тонот е рамномерен, шлајфувачки, уберсуптилен, внимателно читање укажува дека се чувствува едно постепено созревање, ромор својствен за тивок листопад.

Внатре има сè: маестрално опишување на вегетативната скопска атмосфера; страв од лудило; уживање во самодоволност; луцидни себерефлексии под удари на барабани на самотијата; метафизики ослободени од евтина метафизичност, или њуејџерство (брр!) тој е непоправлив индивидуалец кој интегритетски чекори помеѓу аутсајдерство и алергичност на маси, во емпириска потрага по „материјал за роман“.

За оскудната македонска книжевна продукција, каде старата гарда на автори, тешко ја надминува опседнатоста од големи теми, ретко е видена таква вкусна прозна манџа со состојки на искреност, себеразголувачки минијатури полни отуѓеност, но и уште нешто многу поретко: беспоштедност кон себе, а благ и емпатичен кон другите!

Сотир во „Продолжено образование“ ризикувал, во камиказе манир на опростувачко писмо, при што успеал и да преживее и да ни подари суперквалитетна проза.

Романот „Продолжено образование“ можете да го купите на страницата на Купикнига.мк.

Напишано од
More from РЕПЕР
Како писателите ги навредуваат писателите?
Следува избор на триесет жестоки навреди што писателите си ги имаат упатено...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *