Не признава смрт

Моделот на чевлите низ времето многу се разликува , од култура до култура, а првичниот изглед се поврзува со нивната намена.

first-century-shoes-roman-found-in-franc1

Стапалото содржи повеќе коски од кој  било друг дел на човековото тело. И покрај тоа што се развивало преку стотици илјади години во однос на огромното разновидно земјиште и климатските услови, стапалото сè уште е чувствително на околните опасности како што се острите карпи и жешката почва, од кои  можат да нé заштитат само обувките.

Тоа е главната цел на обувките – заштита. Но со еволуцијата нивната цел се надополнува. Исто така се користат како предмет за декор. Моделот на чевлите низ времето многу се разликува , од култура до култура, а првичниот изглед се поврзува со нивната намена. Модата дополнително наметнува многу дизајнерски елементи, како тоа, на пример, дали чевлите ќе имаат многу високи потпетици или ќе бидат рамни. Обувките се разликуваат по стилот сложеноста и цената.

Чевлите традиционално се изработувале од кожа, дрво или платно, но сега се повеќе се изработуваат од синтетичка гума, пластика, и други петрохемиски материјали. Најстарите познати чевли се сандалите кои датираат од околу 7000 или 8000 година пред нашата ера, пронајдени во Форт Рок Кејв во американската држава Орегон, во 1938 г. Најстариот кожен чевел во светот, пак, направен е од едно парче воловска кожа врзано со кожна врвка која е зашиена од крај на крај, напред и назад. Бил пронајден во пештера во Ерменија во 2008 година и се верува дека датира 3500 години п.н.е.

311px-Chalcolithic_leather_shoe_from_Areni-1_cave

Античките Римјани, кои речиси ги освоиле Грците и прифатиле голем дел од нивната култура , не го прифатиле грчкото гледиште за обувките и облеката.Римјанската облека била гледана како знак за моќност, а обувките биле потреба за живот во цивилизираниот свет , иако робовите и сиромашните често биле боси. Постојат многу мислења за носењето чевли и во Библијата. За време на венчавките од тој период, таткото му давал на својот зет пар чевли за да го симболизира предавањето на авторитетот. Робовите исто така биле боси и чевлите ги сметале за симбол на слобода од библиско време:

„Но таткото им рече на неговите слуги: Донесете ја најубавата облека , и облечете му ја ;ставете му прстен на раката и чевли на нозе“ (Шаблон:Лука 15:22).

Во веќе добро познатата скопска чаршија, посетивме еден од чевларите. Мајстор Бошко ни раскажуваше за овој занает. Милосрдно нè поздрави и нè покани во неговиот дуќан. Всушност, тука, во неговиот дуќан, се раѓаат чевлите. Овој дуќан и работилница воедно, се наоѓа близу Безистен, помеѓу дуќаните на свеќарот Љупчо и на опинчарот Димче.

Мајсторот ни раскажуваше за своите почетоци како чевлар. За време на социјализмот, под влијание на татка си, тој се вработува во „Газела“ (гигантска фирма за  обувки) и тука започнува сè. Млад и неискусен, го послушува советот на татко му и се впушта да плива во морето на занаетчии.

„Имав околу дваесет и четири години кога татко ми инсистираше да го послушам неговиот совет и ја прифатам неговата помош за вработување. Почнав да работам во ’Газела’, и сè тргна во некој друг, непознат за мене, правец.“

Тој тука го учи занаетот познат како чевларство кај нас. Желбата и љубовта кон овој занает ќе се родат при учењето.

„Толку ми беше интересен процесот на изработка на чевли што се оддадов на учење, за подоцна да станам мајстор на занаетот.“

Мајстор Бошко својот прв дуќан го отвора во населба Хиподром, а подоцна се префрла во скопската чаршија. Неговиот дуќан кој лежи на калдрмата на чаршијата постои десетина години и има елан за уште стотици години живот.

shoe4

Процесот на изработка на еден пар чевли е долг и макотрпен. За да се добие во време потребни се повеќе луѓе да бидат вклучени во тој процес.

„Мора да бидат вклучени повеќе луѓе. Не може еден човек, има многу операции. Овој занает бара луѓе.“

Секако, овој коментар на мајсторот не подразбира дека еден човек не може да ги извршува сите операции, но кога станува збор за време – потребно е поголем број на луѓе кои ќе бидат вклучени во процесот на изработка. Да се постигнат поголеми и задоволувачки резултати.

„Ако работи еден човек, за еден пар чевли ќе му е потребен цел ден, ако не и два. Но ако се повеќе, задачите ќе се распоредат и ќе се постигне поголеми резултати“, искоментира мајсторот.

Основен материјал за еден пар чевли е кожа. Најчесто говедска, но може да биде и скај или вештак, како што ја нарекуваат чевли.

Има повеќе операции при изработката на кондури и тоа: кроење, тенчење, оптегнување, лепење, сушење, ѕвикање (монтирање), декорирање…

Освен основниот материјал (кожата), потребен е и калап. Кога тоа ќе се обезбеди, кожата се става на калапот, се крои и сече на парчиња според шаблонот. После кроењето започнува помакотрпниот процес на изработка. Макотрпноста ја зголемува и рачната работа која претстои. Но во тоа е и суштината и убавината на овој, а воедно и на сите занаети.

Тие исечени парчиња подоцна се шијат на машина.

Monsoon-stylish-shoes-also-footwear-winter-collection-2013-for-women-4

Кога ќе заврши процесот на шиење, рачно се монтира лицето (или изгледот) на чевлите на калапот. Ова е многу прецизен процес оти мора да се обрне внимание на многу детали. Како што се: ременчиња, симетријата…

Дури отпосле се става ѓонот. Постојат повеќе вида на ѓон во зависност од видот на обувките (женски, машки, спортски…).

„Ако е со потпетица тогаш мора да се стави друг ѓон. Се става и глен (кален челик) кој формата му ја дава според висината на калапот“, ни раскажуваше мајсторот.

Чевлите не се отстрануваат од калапот, туку на него се кова табаница (пресован картон). Тука се формира моделот кој е во имагинацијата на мајсторот. Започнува процесот на стругање или чистење од непотребните материјали (боја, вишок кожа и сл.) Потоа доаѓа процесот на лепење (се нанесува лепак и на ѓонот), но пред тој процес на лепење мора да се одмасти ѓонот за да биде успешен процесот на лепење. На одредена температура се спрема лепилото и дури отпосле се лепи. Започнува процесот на сушење кој трае неколку часа. И на крај доаѓа процесот на дотерување или креативност, кој подразбира нови правила. Тука спаѓаат процесите на: боење, нанесување крема на чевлите,  поставување на влошка или табаница во внатрешноста и сл.

Значи, како што може да согледаме, овој занает подразбира еден долг процес на изработка заради бројноста на операциите и подоперациите низ кои мора да помине еден пар чевли.

Секако, последниот процес се движи според некои шеми, но за разлика од претходните е послободен и зависи од креативноста на мајсторот.

„Занаетот се состои од многу, многу операции. Тој, воедно, е многу интересен , но еден чевел зависи од еднен клинец.“ Во овој исказ на мајсторот се согледува колку овој занает бара прецизност, труд, знаење и љубов од мајсторот.

На заминување, мајсторот ни расправаше колку денес побарувачката е намалена заради големиот увоз на чевли од Кина.

„Пред десетина години немаше ништо кинеско. Имаше турско и  имаше конкуренција, но ѝ се радувавме на неа. Сега има нелојална конкуренција.“

Mens_Shoe_4b1e938b919c6

Свесни сме колку занаетите му придонесуваат на човекот. Не само за задоволување и олеснување на потребата, туку и се дел од изградбата на културата.

„Денес трговијата го тргна настрана занаетот“, искоментира мајсторот.

И да не го занемариме овој факт, занаетот (чевларството) секогаш ќе има голем одзив.
Обувките како производ на чевларството и како составен дел на човечката култура и цивилизација, си го нашле местото во нашата култура , фолклор и уметност. Популарниот детски стих од 18-тиот век гласи : „Постоеше една Стара Жена која живееше во Чевел.“

Оваа приказна ни кажува за некоја стара жена која живеела во чевел заедно со многу деца.

Исто така играат важна улога и во бајките Пепелашка и Црвените чевли. Во детската книга и филм, Волшебникот од Оз, пар црвени чевли играат клучна улога во целата приказна. Комедијата од 1985 година Човекот со еден црвен чевел опишува ексцентричен маж кој носи еден нормален чевел и еден црвен чевел кој подоцна станува централен предмет на приказната.

Во Стариот Завет на Бибијата чевелот симболизира нешто што е безвредно или мала вредност. Во Новиот Завет чинот на соблекување на чевлата на некој симболизира ропство. Семитите врз чинот на соблекување на чевлите гледале како доказ на почит при приближување , пристапување кон света личност или место. Во книгата за масовно отселување, на Мојсеј му беше кажано да ги соблече чевлите пред да се приближи кон грмушката која горела:

„Соблечи ги чевлите, затоа што местото каде што стоиш е света земја“ (Шаблон:Библија).

Соблекувањето на чевелот исто така симболизира и откажување на легалното право. Во хебрејските обичаи вдовицата го соблекувала чевелот на братот на починатиот маж за да симболизира дека тој ја има напуштено неговата одговорност. Во арапските обичаи, соблекувањето на нечиј чевел исто така симболизира крај на бракот.

Во грчката култура, празните чевли се исто што и посмртен венец. На пример, празните чевли оставени надвор пред грчки дом означуваат дека син на фамилијата починал во битка. На десетата годишнина од нападите на 11-ти септември биле истакнати 3.000 пара празни чевли за да се обележи бројот на загинатите.

Во арапската култура, покажувањето на ѓонот од чевелот се смета за навреда, а да го фрлиш чевелот и да удриш некого со него се смета за уште поголема навреда. Ова е така затоа што се смета дека чевелот е валкан затоа што ја допира земјата и е поврзан со најдолниот дел на телото — стапалото.

Напишано од
More from РЕПЕР
Ѕирнете во нашето минато
Блогот „РетроМК“ е еден од оние блогови кои се посетуваат не само...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *