Потеклото и развојот на идејата за чистилиштето

Корените на погледите за овој сегмент или фаза од задгробното патување на душата, според некои, е можно да се согледаат уште во древната еврејска ритуална практика на „дарување на мртвите“.

purgatory_2

Дисперзија на претставата во почетокот на новата ера

Корените на погледите за овој сегмент или фаза од задгробното патување на душата, според некои, е можно да се согледаат уште во древната еврејска ритуална практика на „дарување на мртвите“, чија генерална цел претставува олеснувањето на околностите што мртвите ги минуваат во вид на искушенија.

Во рамките на христијанството, се верува дека Иринеј (130-202) е првиот што зборувал за место во кое душите чекаат пред портите на конечниот универзален суд на правдата,во кој се одредува едни да бидат предадени во рајот, наспроти другите, кои подлежат на вечни искушенија. Подоцна, на почетокот од третиот век, хиерополискиот бискуп од Фригија, Аберикус, ја дополнува оваа теориска претстава со практикашто со векови му претходела на еврејскиот свет: „молење проследено со дар“ за душите на покојните.

Некои теолози првата комплетирана претстава за чистилиштето ја согледуваат во концептот за искушителното патување на душата по телесната смрт на ученикот на св. Климент, Ориген Александриски. Оваа претстава ги зема своите појдовни точки од старозаветното третирање на огнот како „прочистителен алат“ на Бога и од претставата за прочистително судење воспоставена од Павле. За Ориген, душата или инстантно оди во рајот или се подложува на т.н. „огнена пурификација“, која подоцна, имено, претставува една од главните отскочни греди за воведувањето на огнот, како казнена алатка на пеколот, во подоцнежните фази од средновековието.

Нешто повеќе од еден век пред појавата на св. Августин, се јавуваат познатите писма на св. Кипријан,во кои, покрај другото, се вели дека „едно е човек да се наоѓа во состојба на прочистување на гревовите со оган до судниот ден, а друго ако тој нив ги прочистил со мартирска смрт“, укажувајќи на нужното диференцирање помеѓу „извинувањето“ и „честа“.

[pullquote align=”left”]Според некои проучувачи, примарните каузи на претставата за прочистувањето на душата од гревовите во чистилиштето претставува јудејско-христијански теолошки обид за доспев кон онтолошките димензии на постоењето како целокупност[/pullquote] Според некои проучувачи, примарните каузи на претставата за прочистувањето на душата од гревовите во чистилиштето претставува јудејско-христијански теолошки обид за доспев кон онтолошките димензии на постоењето како целокупност, на живите битија во посег кон совршената чистота на Бог, прикриено метафоризирана во концепт за совршено постоење, за совршено вклопување на човековото „нечисто“ во беспрекорниотфункционален механизам на природното постоење. Чистилиштето, кое претставува само еден сегмент од претставите на оваа теозофија, особено, според нив, се популаризирало во епохата на схоластичките учења.

Стефан Гринблат во својата студија „Хамлет во чистилиштето“ предочува дека со воспоставувањето на претставата за чистилиштето се зацврстува и нова врска помеѓу живите и мртвите, придонесувајќи мртвите да не бидат во онаа тривијализирана мера „мртви“ како претходно.

Дистанцирање од јудаистичките верувања

Во раниот јудаизам не биле вкоренети верувања за инкарнација/воскреснување на душите, според штоне постоела ни основа за верувања во состојба помеѓу животот и смртта.Тогаш шеол (שאול) претставувал поим со кој се означувала неповратната состојба во која се наоѓала душата по телесната смрт.

Претежно две пројави од почетокот на христијанството, пророштвото на Исаија (26: 19) и книгата на Даниел (Даниел 12: 1-4), во најголема мера ја зеле одговорноста заверувањата во меѓупросторот низ кој патува душата до последниот суд, кои подоцна се зацврстилесоздавајќи подлога за отфрлање на дотогашната претстава за апсолутен шеол, за чие постоење бил клучен периодот помеѓу двете месијански епохи – старата (животот на Исус) и новата (неговото повторно раѓање).

russian-fairy-tales2008

Во раното претхристијанско време, во јудаизмот била воведена неформализирана претстава за првиот облик на чистилиште, наречен гехином (јидиш – генома). Според традицијата врзана за него, за секој грев направен во текот на животот се создавал по еден ангел на уништувањето – демон од кој потоа грешникот бил казнуван во текот на дванаесетмесечниот престој таму, пред заминувањето во рајот (Олам Ха-Ба). Сепак, за намалување на страдањата во чистилиштето, ближните во текот на првите единаесет месеци можеле да рецитираат молитвени стихови од „Кадиш“.Во Талмудот се забележливинајмалку две места (Сабат 33 б и Рош Хашана 16 б – 17 а) каде што се изнесени детали во облик на упатства за искажувањето на овие молитви на живите за престојот на мртвиот во тој меѓупростор.

Според некои христијани, и во рамките на христијанската доктрина постојат неколку укажувања за можното постоење на чистилиштето, меѓу кои новозаветните записи: Евангелие по Лука, 2 Макабеи (12:45-46), Дан 12:10 (Зех 13:9), Мак 3:2-3, Мт 5:26, Лк 12:47-48 и некои други.

Во Откровение 21:27 пишува:„Но ништо нечисто нема да влезе внатре, ниту некој што ја напуштил, ниту таков што сеел кривоверство, туку само оние запишани во книгата на Јагнето“.
Особено во православието, како и во јудаизмот, постојат определени сомневања во однос на автентичноста на претставата за чистилиштето.

[pullquote align=”right”]Според некои католици, терминот purgatorio потекнува од единаесеттиот век, додека други го цитираат писмото на Григориј од Ниса во четвртиот век, меѓутоа со сигурност се знае дека формализираната католичка претстава за чистилиштето потекнува од средновековието[/pullquote] Според некои католици, терминот purgatorio потекнува од единаесеттиот век, додека други го цитираат писмото на Григориј од Ниса во четвртиот век, меѓутоа со сигурност се знае дека формализираната католичка претстава за чистилиштето потекнува од средновековието.За разлика од католицизмот, во средновековниот јудаизам наидуваме на нешто поапстрахирана претстава за гехином, чии одеци се највпечатливо присутни во „Кабаалата“, во Хасидит и во мистицизмот.

Нахманид, чие име на некои места се среќава какоМоше бен Нахман (1195-1270), запишал:„Рабините ја имаат определено неговата големина [на чистилиштето]. Топлината на Гехином е во контекст на јудејското право“.

Според многу историчари на религијата, во Новиот завет општото третирање на смртта е неконзистентно, што според претпоставката произлегло од различностите географски дистрибуирани меѓу неговите првични верзии. Така, на многу места во некои рани верзии се наидува на терминот шеол, додека во други верзиии се претендира на употреба на терминот ад, што, според историчарите, е произлезено од фактот дека вторите претставуваат преводи на Новиот завет преземени од неговиот првичен грчки превод.

Според некои ранохристијански верувања преземени од јудејската традиција, душите биле чувани во дел од подземјето (кој не бил именуван) сè до нивното воскресение. Според Иполит, адот претставува место (огненото езеро) во кое душите се проколнати на страдање, кое се намалува со искажување молитви од страна на ближните присутни на овој свет.

Визиите на Бедиј Почитуваниот и на св. Бонифациј приопштуваат тенденциски слични слики за просторот на задгробниот свет, поделен на четири краја низ кои минуваат две правоаголно вкрстени реки, свет во кој душите престојуваат до судниот ден.

time

Една од најпознатите визии на чистилиштето е легендата од петтиот век за св. Патрик, патронот на Ирска, во една пештера на Островот на светците, раскажана во „Трактат за чистилиштето“ од Хенри од Солтри. Овој запис во натамошните векови придонел за популаризација не само на претставата за чистилиштето туку и пошироко, па самиот островпотоа е претворен во место за аџилак, за пештерата конечно да го добие препознатливиот назив – „Затворскакапела“.

Многубројни други визии го лоцираат чистилиштето на места во Италија, како што е на пример визијата на Тнугдали, која влезот во чистилиштето го лоцира во една пештера во Етна.

Августин има запишано дека молитвите помагаат за избавување од прочистителните страдања „единствено ако се однесуваат на вистински посветените“, алудирајќи на неможноста на тој начин да им биде помогнато на нехристијаните и на некрстените бебиња. Папата Григориј Велики ги поддржал идеите на Августин, поставувајќи ги фундаментите на она што периоди подоцна ќе биде третирано како тема на чистилиштето.

На 3 март 1322 година, папата Јован XXII разгласил дека Богородица, јавувајќи му се како на Исусов претставник на земјата, препорачала воведување на Редот на Кармелитите, во кој, покрај машки членови, би членувале и жени, што конечно довело до конституирање на Сабатинските привилегии. Како резултат на воведувањето на овие празнувања, ветила дека секоја сабота ќе се спушта на земјата понесувајќи ги со себе душите од чистилиштето во блажениот рај на небесата (cum descensione beatae Virginis ad animas in Purgatorio liberandas), со тоа извршувајќи го чинот на „ослободување од чистилиштето“, како што се алудира во католичката катехеза.

„Божествена комедија“ – „Чистилиште“

Не е сосем разјаснето на каков начин му влијаела доктрината за чистилиштето востановена од Вториот лионски собор на Данте (1265-1321), кој во тоа време бил деветгодишен. Меѓутоа, се верува декаво мигот кога започнал со пишувањето на „Комедијата“ веќе развил мошне екстензивни знаења на темата на задгробниот живот во чистилиштето според нејзините христијански интерпретации, што е најевидентно судејќи според комплексноста на претставата изложена таму.

[pullquote align=”left”]Нумеролошката формална заснованост, како кај другите сегменти од делото така и во делот со чистилиштето, е едно од најочигледните преземања на особено популаризираната претстава базирана на митско-магиски верувања, карактеристична за поетиката на ова време[/pullquote] Нумеролошката формална заснованост, како кај другите сегменти од делото така и во делот со чистилиштето, е едно од најочигледните преземања на особено популаризираната претстава базирана на митско-магиски верувања, карактеристична за поетиката на ова време. Двојството отелотворено во височината на чистилиштето (планина-остров), како и визуелната семиотика каде што паралелизмот помеѓу космичките и телесните слики конвергира кон поистоветување, секако дека се следни на листата аргументи во прилог на тезите што го засегаат овој правец.

И, на крајот, покајанието, како една од клучните доблести за правоверните, секогаш води кон едно смирувачко душевно осигурување на Божјиот избор душата да постои.

Поттиците од „Божествената комедија“ за репродуцирање на претставата за чистилиштето во книжевен формат и кај другите уметности се повеќе од маркантни:

– Густав Доре создал 136 слики врзани за описи на настаните приложени во „Божествената комедија“;

– Бонино Бонини во 1487 година создал резбани илустрации на чистилиштето;

– Лука Сињорели во капелата „Сан Бризио“ (Катедралата на Орвието) насликал фрески во боја, во кои е прикажано Дантеовото чистилиште;

– Во внатрешноста на капелата „Нотр-Дам де Бенва“, која се наоѓа во с. Лорг (Франција), се создадени првите детализирани фрески на Дантеовото чистилиште;

– Композиторите К. Монтеверди (операта „Орфеј“), Ф.Лист („Симфонија за Дантеовата ’Божествена комедија’“ и „Соната за Данте“), Џ.Пучини („Џани Шичи“) и П.И.Чајковски („Симфониска фантазија по Данте“) создале посебни дела во кои ги репродуцираат мотивите и настаните од „Божествената комедија“;

– Џ.Чосер, Џ.Милтон, Е.М.Форстер, Балзак, Е. Паунд, Х.Л.Борхес и Д.Волкот се само неколку од десетиците светски познати автори што изрекле дека „Божествената комедија“ зазема особено значајно место во рамките на нивното дело и во светската книжевност воопшто.

uprising-of-sausages-and-hot-dogs

„Раѓањето на чистилиштето“ и развојноста на оваа претстава во средновековието и по него

Ле Гоф го поврзува чистилиштето со св. Бернард, укажувајќи дека тој прв одржал религиско предавање на закопот на Хумберт, свештеник од Клерво.

Меѓутоа, Петар Ломбард, според Ле Гоф, како и папата Григориј Велики, се двете клучни фигури што придонеле за широкото прифаќање на востановената прероденапретстава за чистилиштето, според која тоа, како и рајот и пеколот, било конечно поистоветено со физикално место.

Тој утврдува дека кон крајот на дванаесеттиот век (1170-1200) зборот „чистилиште“ (лат. ’purgatorium’) и неговото значење се вкоренуваат во лексиката на парискиот католицизам.

Катехезата на католичката црква од овој период за ова прашање гласи:„веднаш по смртта, оние што умираат во состојба на смртен грев се спуштаат во пеколот, каде што страдаат од ’вечниот оган“ на пеколот. Главната казна во пеколот е вечната одделеност од Бог, во кого човек самостојно може да ги поседува животот и среќата за кои е создаден и за кои копнее“.

На Првиот лионски собор (1254), исто така, е зададена и догматската дефиниција на чистилиштето.
Сепак, атрибутот „класична формулација на доктрината за чистилиштето“ несомнено му припаѓа на недовршеното дело на Тома Аквински,Summa Theologica, при чие пишување авторот ненадејно починал, поради што делот непосредно врзан за претставата на чистилиштето е буквално додаден постхумно.

Интересно е да се напомене дека Карол Војтила (папата Јован Павле II), во својата книга „Патот до Христос“, на 117 страница запишал: „На патот кон Бог познато ни е дека постои чистилиштето како една од ’последнитеработи’. На патот кон Бог, кој исто така е пат кон вечниот живот по смртта и по судењето, постои чистилиште или, со други зборови, потреба за прочистување преку поправни страдања“.

moon

Резиме

Општата претстава за задгробниот живот, интегрирајќи комплекс теми чии заднини, пред сè, се видливи во блискоисточните митологии, сугерира дека комплексно манифестираната врска меѓу религиите од овој регион низ вековно пренесуваните верувања наишла, и тоа многу, на маркантен број одеци во уметностите, меѓу кои, секако, и во книжевната традиција, како кај колективната така и кај авторската литература, а притоа како неизоставен сегмент кај овие наративи се вметнува претставата за чистилиштето.

Во овој контекст, при нивното преземање и натамошно доразвивање во Европа, видливи се најмалку три диференцирани третирања на овој дел од задгробниот простор низ кој патува душата:

1) апсолутно прифаќање, како што согледуваме од претставата во Августиновиот „Градот на Бог“;

2) колебање во однос на сегменти од целокупната претстава, но нејзино генерално прифаќање, чии егземплари наѕираме во ранохристијанската, според многумина „оригинална“ доктрина за задгробниот живот, како и во делови од нејзините јудејски и православни толкувања – типичен претставник на негодувањето на претставата за чистилиштето во православието е латинскиот патријарх на Константинопол, Бесарион;

3) целосно негодување на интерпретативните опфати за чистилиштето – едно од главните диференцирања помеѓу протестантизмот и англиканската доктрина и католичката доктрина.
Допирот остварен помеѓу индоктринираните норми на однесување на обичните смртници и на владејачките касти речиси е неможно да се занемари при секое екстензивно споредбеноисториско проучување на културата, која, секако, сето замислено во тој план го вклопува во совршена целина од апстрахирани претстави за трансцендентната награда, односно за поразот на битието.

Навистина се чини неостварлив идеалот и оваа, меѓу мноштво други религиски преземени претстави, да се набљудува изолирано од актуелните геосоциополитички збиднувања уште од најраните фази на христијанството до средниот век, кога е забележан најинтензивниот развој на комплексот теми што го засегаат до ден-денес вкоренетото христијанско учење за задгробниот живот.

Меѓу многуте аргументи во одбрана на овој став, може да се повикаме на Лутеровата осуда на креацијата на третото место од задгробниот свет.

[pullquote align=”right”]Во протестантизмоте недвосмисленозабележано целосно отсуство на претставата за чистилиштето[/pullquote] Мартин Лутер во 16 век пишувал за кратко одморање на душата во бесвест, додека Калвин тоа своестрано го надополнува велејќи дека душата во таква состојба одмора во светлина сè до својот воскрес. Во протестантизмоте недвосмисленозабележано целосно отсуство на претставата за чистилиштето.

Според овие протестантски реформатори, чистилиштето претставува уште една од бројните схеми на црквата да ги одвои луѓето од своите пари, покрај другото – поради енормниот растеж на заинтересираност кај народот во оваа епоха за разноразни „откупи на гревовите“ т.е. индулгенции, како и поради тенденцискиот пораст на откупите на „свети“ предмети, како единствени помагала за избавување од пеколните, односноод прочистителните пламни.

Очигледно е дека мноштвото католички теолози, бранејќи ја оваа претстава што интегрирала три дела на задгробниот простор, придонеле визиите за него, напати и од страна на „профаните“ луѓе, да станат секојдневие, со цел нејзина успешна индоктринација, која евентуално би резултирала со зголемување на вербата во црквата како институција и како Божјо претставништво на земјата.

Од друга страна, теозофските гносеолошки расправи на еден или на друг начин го заземаат фигуративниот аспект на посмртното постоење.

Контрарноста или комплементарниот однос меѓу овие потенцијални фактори за дооформувањето на оваа идеја се чинидека е каузално неопределива проблематика и дека, како таква, е неодложен предмет на натамошни дискусии.

Сепак, како што напоменавме, луксузот придаден од генерализирањата што се однесуваат на овој вид религиозни претстави е недозволив за секои објективни екстензивни проучувања што се засноваат на релативно сиромашни историски извори.

Ниту еден од наведените ставови што ги детерминираат причините за настанувањето на претставата за чистилиштето не смееме да го апсолутизираме како вистинско, исто како што е нелогично кое било неосновано занемарување.

______________

Користена литература:

Жак Ле Гоф, „Раѓањето на чистилиштето“
Стефан Гринблат, „Хамлет во чистилиштето“
www.chabad.org (Is there any sort of Purgatory or Satan in Jewish teachings? –Rabbi Eliezer Danzinger)
http://www.religion-cults.com/Judaism/beliefs.htm#6
http://www.typepad.com/services/trackback/6a00d83452429669e200d8345ec33253ef
Wikipedia (Intermediate state, Sabbatine Privilege, Purgatory)

Илустрации: Сергеј Тјуканов

Напишано од
More from РЕПЕР
Што е музика на стихот?
Интервју со Олга Седакова
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *