На „Браќа Манаки“ очекувам да гледам одлични филмови

Сакам раскажување. Верувам во структурата и во нарацијата.

Да се биде филмски селектор, особено кога станува збор за врвни филмови, воопшто не е лесно. Како личност со големо искуство во филмскиот свет, Елма Татарагиќ зборува за својата улога на селектор, но и на реномиран сценарист. Годинава таа е дел од меѓународното жири на Интернационалниот фестивал за филмска камера „Браќа Манаки“, во Битола.

e1

Орсон Велс некогаш рекол: „Еден филм никогаш не е добар ако камерата не претставува око во главата на поетот“. Според Вас, што е потребно за еден филм да биде добар?

Добра приказна и примамливи слики.

На која личност од филмската индустрија најмногу ѝ се восхитувате?

Мислам дека не можам да посоe5чам само една, но јас навистина им се восхитувам на Тарковски и на Кјубрик. Имам слабост кон азиските филмови во целина.

Кажете ни нешто за Вашата улога како селектор на филмовите на Сараевскиот филмски фестивал. Кои се тешкотиите и убавините во врска со оваа работа?

Тоа е убава работа, но многу потешка отколку што би можел некој да замисли. Гледам многу филмови и не се сите добри, но морам да ги видам за да бидам способна да направам избор, а исто така морам и да разговарам со продуцентите и со режисерите, кои често сакаат да го слушнат моето мислење. Тешко е да се каже „не“ на луѓе што ви се пријатели и јас често се наоѓам во ситуација кога ми се лутат некои од нив. Сепак, на крајот, морам да ја работам својата работа и јас го правам тоа без компромиси.

Зошто пишување сценарија? Зошто не нешто друго?

Сакам раскажување. Верувам во структурата и во нарацијата. Тоа е основата на целата човечка интеракција и комуникација. Да бидете во можност да создадете друг свет и ликови со приказни е убаво и за мене е тоа магија.

Што е она што зборот може да го направи, а сликата не може?

Во филмот, зборот и сликата се едно. Сценариото лебди помеѓу пишаниот текст и сликата. Тоа е помеѓу. Тоа може да се прочита, но дури и ако го прочитате, тоа се „гледа“. Тоа е неделиво.

Како станавте стручњак за селекција на Европската филмска академија? Што беше потребно да напрe2авите за да станете она што сте денес?

ЕФА ме избра бидејќи јас сум еден од ретките професионалци што навистина ги гледаат сите филмови од Југоисточна Европа, без исклучоци. И добро, во бизнисот сум речиси дваесет години. Некои работи доаѓаат со години искуство.

Знам многу жени што се доста инволвирани во филмската индустрија како сценаристки, како директорки на фотографија и како режисерки, но ретко можам да најдам одговор на ова: дали прави разлика тоа што сте жена?

Како во секојдневниот живот така и во филмската индустрија, различно е да се биде жена и маж. Тоа е природно. Понекогаш е полошо, но понекогаш е добра позиција. Тоа навистина зависи од ситуацијата. Важно е да се биде свесен за ситуации во кои ќе може да имате корист од тоа кој сте, а исто така да се биде свесен и за други околности. Светот, сепак, се менува секој ден и тој не е истиот како пред дваесет или пред педесет години. Жените сè повеќе се присутни во филмот и сè повеќе се почитувани.

Според Вас, која е најважната работа во Вашата професија (како сценаристка и како селекторка)?

Посветеноста во работата и будноста. Се обидувам да го дадам најдоброто во сè.

Какво е Вашето мислење за деe4нешните сценаристи? Мислите ли дека сè уште има талентирани сценаристи?

Апсолутно, но проблемот е индустријата, која има недостиг од финансии, па многу филмови сè уште не се завршени до крај.

Како сценаристка, на што најмногу обраќате внимание?

На структурата и на ликовите.

Со оглед на тоа што сте сценаристка, веројатно е потребно да читате многу, не само книги. Како се подготвувате пред да започнете да пишувате сценарио?

Јас не можам да го објаснам тоа. Тоа е еден мистериозен внатрешен процес. Кога имам идеја, јас ја запишувам, но пред да започнам да работам на ликовите и на структурата, имам свој внатрешен процес. Понекогаш ми се чини дека не правам ништо, но јас секогаш гледам филмови. Читам многу сценарија. Сметам дека е многу корисно тоа. И да, набљудувањето на животот, за мене, е најважно.

Имате ли совет за оние што сакаат да се обидат да напишат сценарио? e3

Да научат повеќе за пишувањето сценарија пред да почнат да го прават тоа. Тоа не е како пишување песна или роман. Тоа не е само уметност, тоа е и занает. Мора да го знаеш занаетот за да имаш можност да создадеш уметност.

Кои се Вашите очекувања од „Браќа Манаки“?

Да гледам одлични филмови. Очекувам да запознаам нови луѓе. Луѓе што ја прават оваа работа убава и вистински пријателства што често произлегуваат од филмските фестивали.

Имавте одличен успех со „Снег“ во 2008 година. Двапати бевте наградувана како професор на годината, во 2008 и во 2011 година. Во 2010 година ја објавивте книгата „Стилистика на пишувањето сценарио“ (Stylistics of Scriptwriting). Планирате ли да му се вратете на правењето филмови?

Секако. Во моментов работам на сценаријата на два играни филма и на еден документарен филм. Освен тоа, подготвувам и нова книга. Па, ќе видиме каде ќе ме однесе животот. Некои работи не може да се планираат. Тоа е убавината на животот.

Емилија Петреска

Напишано од
More from РЕПЕР
Куќата на Тагоре во Индија
Аматерски фотографии од куќата на Тагоре во Калкута.
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *