Жолти очи дома водат

Романот „Жолти очи дома водат“ е прекрасна прослава на животот со сета негова полнокрвност, суровост и нежност.

Маркета Пилатова извлече творечка полза од својот престој во Бразил: по две години, кога им предаваше чешки јазик на сонародниците, дебитираше со романот „Жолти очи дома водат“. Иако личностите и настаните се измислени (како што вели авторката), книгата е  напишана од автентични впечатоци. Животот ги пишува најдобрите романи, случките го полнат светското наследство во времето и во просторот, но всушност постојано се повторуваат; а тоа се всушност впечатоците што ни се прилепуваат со својата посебност и незаборавност.

119

Романот „Жолти очи дома водат“ е прекрасна прослава на животот со сета негова полнокрвност, суровост и нежност.

http://www.iliteratura.cz –  Ивана Србкова

 

Четири жени, еден маж, два континента, две генерации, две култури, две диктатури – се споени во прстенот на судбината, а истовремено како историјата да ги проголтала…

Какво романсиерско деби! Со елан, со животна мудрост и со посебно чувство за неподносливата леснотија на јазикот и на постоењето, Маркета Пилатова раскажува за животните премрежиња и искушенија.

Зад понекогаш меланхоличната, драматична и комична цел на оваа книга, се смешкаат Богумил Храбал и Јарослав Хашек, но постојат и магијата на латиноамериканската литература и квалитетната примеса на средноевропската еврејска шега. Секој член од женскиот квартет, надополнет со родената пражанка – мајката на Марта, храбро се бори за сопствената среќа, понекогаш со малку опортунизам, понекогаш со спротивставување, а понекогаш со оружје в рака. На крајот, секоја може да го задржи минатото в рака и да го вдиши „мирисот на спомените“, кој веќе не е загаден од задолжителниот копнеж по родната грутка на носталгичната протерана заедница. „Животот е прекрасен. Полудувачки прекрасен. Не дека е вистински таков. Туку дека јас го гледам така“, еднаш напиша Храбал. Маркета Пилатова оваа писателска животна максима ја преточила во прекрасен роман.

Frankfurter Allgemeine Zeitung („Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“) – Сабине Беркинг

 

Има еден мост во Прага подалеку од Карловиот мост, кој ја поврзува Чехословачка, денешна Република Чешка, со Бразил; мост што го изодуваат четирите жени-протагонистки на овој прекрасен роман. Марта, Лена, Луиза и Марушка – четири многу различни жени, кои животот се помачил да ги спои со големо ласо, кое оди и се враќа од Прага до Сао Пауло. Две млади и две возрасни жени, кои не ги ни замислуваат изненадувањата што ќе им ги приреди нивната средба. Од потрагата по сопствениот идентитет, од искоренувањето на иселените до љубовните и до политичките компликации, нивните приказни се нижат во една страсна приказна, проткаена со падот на комунизмот и со еден љубовен триаголник, кој со текот на годините го формирале Луиза и Марушка со шпионот Јаромир.

Од шпанскиот издавач „Baile del Sol“ (Баиле дел Сол)

 

„Првин сакав да напишам книга-репортажа, но потоа во Бразил се запознав со сонародници на кои им предавав чешки јазик. А тие ми раскажуваа неверојатни приказни, за кои ќе ми беше многу жал ако не ги запишев“.

Маркета Пилатова за Aktuálně.cz

 

Нарацијата изобилува со егзотичен колорит, со мноштво природни, културни и општествени реалности на оддалечениот континент. Овие реалности истовремено се органски споени во поединечни наративни монолози и потчинети на стожерната тема на романот: да се бара сопствениот идентитет во дијалогот на машкото и женското гледање на светот во конфронтација со различните генерации и култури.

Од стручното жири за наградата „Magnesia Litera

 

Секој што бара ремек-дело на чешката современа литература ќе се воодушеви од прозното деби на Маркета Пилатова, „Жолти очи дома водат“, кое, според воодушевениот рецензент Андреас Брајтенштајн, е истовремено „потајно весело“ и „историски меланхолично“…. Во описите се среќаваат младинската безгрижност и мудроста на годините, потресни спомени од војната со впечатливи љубовни приказни и секојдневниот живот во историјата. Притоа, Пилатова не раскажува сентиментално, туку со „поетичка мудрост“.

Реценција од Neue Zürcher Zeitung („Ноје Цирхер Цајтунг“)

Тагови од објавата
, , , ,
Напишано од
More from РЕПЕР
Пишувам крими-романи, читам класици
Кратко интервју со норвешката писателка Ким Смоге, чијшто роман може да се...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *