Расказ
ПРДИКОКОС – СЕКВЕНЦИ
од Александар ПрокопиевСпуштете го фитилот – се потсеќа на реченицата што ја користеше дедо му кога во кујната на семејната куќа во Мара Јосифовска бр. 6 ќе се скараа нана и тета. Но во меѓувреме велосипедистот удира силен бокс по вилицата на возачот, по што овој паѓа како покосен, а темните очила му се отркалаа по тротоарот.
Од романот „Синовите на Адам“ (Восток, 2022)
од Михајло СвидерскиМожеби немам ништо свое на светот, ама мене сосема малку ми е потребно за да бидам среќен. Како растение на кое сѐ што е премногу ќе му наштети, и премногу сонце, и премногу вода, мене ми е потребно сосема малку, само малку љубов, една топла прегратка, и малку разбирање од воспитувачот, дека ова што го правам и не е толкав грев како што му се прикажува нему во неговиот свет.
Последните 10 години од XX век
од Виола ДамјановскиОБСЕ остана неостварена желба, со слики испроектирани во главава од мене по терен како преведувам од кој јазик сакаш: македонски, српски, хрватски, англиски, а за бугарски и словенечки ќе се снајдам. Ништо. Ќе сум погинела од случаен куршум или ќе си оделе по кризата и ќе сум останела без работа. А бе уште се тука. Друг век фати. И кола ќе купев и стан и викендичка на море веќе. Кај прекинува криза тука, глупави. Глупави.