Расказ

Од романот „Синовите на Адам“ (Восток, 2022)

од

Можеби немам ништо свое на светот, ама мене сосема малку ми е потребно за да бидам среќен. Како растение на кое сѐ што е премногу ќе му наштети, и премногу сонце, и премногу вода, мене ми е потребно сосема малку, само малку љубов, една топла прегратка, и малку разбирање од воспитувачот, дека ова што го правам и не е толкав грев како што му се прикажува нему во неговиот свет.

Последните 10 години од XX век

од

ОБСЕ остана неостварена желба, со слики испроектирани во главава од мене по терен како преведувам од кој јазик сакаш: македонски, српски, хрватски, англиски, а за бугарски и словенечки ќе се снајдам. Ништо. Ќе сум погинела од случаен куршум или ќе си оделе по кризата и ќе сум останела без работа. А бе уште се тука. Друг век фати. И кола ќе купев и стан и викендичка на море веќе. Кај прекинува криза тука, глупави. Глупави.

За четирите македонски книжевни моќници

од

Интересно е дека со Јаневски и Конески се запознав патувајќи. Буквално. Со Конески во автомобил, на пат кон Куманово, каде се одржа промоција на стихозбирката „Црква“ (имав чест да бидам еден од промоторите), потоа вечера и враќање назад, со истиот автомобил, кон Скопје.

WATASHI NO FUKAI KEII, SENSEI

од

Триесетина години помлад од Тезука, Наоки Урасава почнал да црта манги како дете, а првите му се поврзани со спорт, теми џудо, тенис… Гради реалистичен стил на којшто најмногу му одговара жанрот на психолошкиот трилер. Неговиот opera prima, „Монструм“ е токму од таков карактер.

Модел

од

Типот беше, ако може така да се каже, комплициран во својата простодушност – вели Илчо, еден од студентите на Ликовна академија на кои Моделот им позираше – Не знам кој го доведе кај нас, но беше различен од другите модели.

Писмо до Стале Попов

од

Така му велам јас на тој Стале Попов… Та му предлагам јас нему приказната што ќе ја пишува, ако милува, да ја нарече „Крпен живот“оти во ушите како ѕвончиња ми тропкаат Илковите зборови „Крпен живот, Дочко, ама ете и со крпен си поминавме, поарно од со нов“.